Кон содржината

Збирен транспорт Европа до Балкан

Збирен транспорт од Централна и Балтичка Европа до Балканот – решение за помали товари

Сини приколки со логото на БЕ-ДА и слоганот We move the world forward паркирани во двор

Имате товар од Полска, но не е доволно за да го наполнете целиот камион? Чекате со недели да се собере доволно стока за да оправдате трошок? Ризикувате задоцнување поради комплицирани гранични процедури?

Ова е реалноста за многу бизниси,и токму затоа постои збирниот транспорт.

Што е збирен транспорт (LTL)?

Збирниот транспорт е решение кое овозможува повеќе приватни или физички лица да ги комбинираат своите помали товари во еден камион. Наместо да чекате да ви треба цел камион или да платите за празен простор, вие плаќате единствено и само за вашиот дел.

Резултат:

  • Пониски трошоци – Плаќате само за вашиот товар, не за целиот камион
  • Побрза испорака – Редовни линии, без чекање
  • Помала еколошка стапка – Еден камион, повеќе товари

Нашата линија

Нашата линија е од Централна и Балтичка Европа до Балканот, БЕ‑ДА Логистик овозможува редовна, неделна линија од:

  • Полска
  • Чешка
  • Литванија
  • Латвија
  • Естонија

До:

  • Македонија
  • Албанија
  • Косово

Секоја недела, без разлика дали имате 1 палета или 10.

Работник со рачна палетна количка влече палета со кутии кон отворен камион на товарна рампа во магацин

Зошто БЕ‑ДА Логистик?

Син камион на БЕ-ДА со приколка на товарна рампа

За кого е ова?

Збирниот транспорт е идеален за:

  • E-commerce бизниси со помали, редовни испораки - Ако продавате онлајн и увезувате стока во помали количини, не мора да чекате да соберете товар за цел камион.
  • Увозници на резервни делови или опрема - Редовни испораки на резервни делови, алат или специјализирана опрема, без да плаќате за празен простор.
  • Трговци кои работат со повеќе добавувачи - Ако купувате од различни добавувачи низ Централна и Балтичка Европа, ние можеме да ги консолидираме сите пратки во еден транспорт.

Ви треба флексибилност и пристапни цени додека растете? Збирниот транспорт ви го овозможува точно тоа.

Како функционира процесот?

  1. Понуда

    Ви даваме транспарентна цена врз основа на димензиите, тежината и дестинацијата на вашата пратка.

  2. Преземање

    Ја преземаме стоката директно од вашиот добавувач во Централна или Балтичка Европа.

  3. Транспорт

    Вашиот товар патува со нашата редовна, неделна линија, сигурно и проверено.

  4. Испорака

    Вашиот товар стигнува на дестинација, на време, без компликации.

Често поставувани прашања (FAQ)

Работник со жолта палетна количка товари палета со кутии во отворен камион
Колку чини збирниот транспорт?
Цената зависи од волуменот, тежината и релацијата. Контактирајте не за персонализирана понуда.
Колку време трае транспортот?
Во зависност од релацијата, обично од 5 до 10 дена од преземање до испорака.
Дали можам да следам каде е мојот товар?
Да. Ви обезбедуваме ажурирања и можност за следење на вашата пратка преку редовна комуникација со агентот од нашиот тим кој ќе биде .
Што ако имам специфични барања (температура, специфична стока за транспорт)?
Јавете ни се, имаме искуство со специјализирани товари и можеме да најдеме соодветно решение.

Не мора да имате товар за цел камион за да увезувате ефикасно од Централна и Балтичка Европа.

Со редовната линија на збирен транспорт од БЕ‑ДА Логистик, добивате брзина, сигурност и флексибилност.

Имате прашања за вашиот товар?

Стапете во контакт со нашиот тим и дознајте како збирниот транспорт може да ви заштеди време и пари.

+38978265567salesagent5@bedalogistics.com