Кон содржината

Агент за продажба

Испрати го твоето CV

Ако продажбата ти е повеќе од работа, ако е предизвик, игра на стратегија и комуникација, тогаш оваа позиција е токму за тебе.

Во БЕ‑ДА Логистик бараме Агент за продажба кој знае како да изгради доверба и да претвори контакт во долгорочен клиент.

Кои сме ние?

БЕ‑ДА Логистик е 15 години доверлива меѓународна логистичка и шпедитерска агенција која обезбедува сигурни и ефикасни транспортни решенија низ Балканот и Европа. Нашата мисија е едноставна, но јасна:

Создаваме едно централно место каде клиентите ги добиваат сите логистички услуги – брзо, едноставно и ефикасно.

Шестмина членови на тимот на БЕ-ДА пред сино-жолтиот саемски штанд на компанијата

Што ќе биде твојата улога?

Како Агент за продажба во B2B секторот ги носиш транспортните и логистичките решенија поблиску до вистинските клиенти. Ќе креираш нови можности, ќе градиш силни и долгорочни односи со клиентите и ќе ја движиш продажбата напред.

Што бараме?

Тим на состанок на маса пред екран со логото на БЕ-ДА и слоганот We move the world forward
  • Минимум 2 години искуство во продажба на услуги вo B2B знаеш што значи процес, преговори и затворање договор
  • Средно до високо познавање со MS Office – бројки, понуди и извештаи ти се секојдневие
  • Преговарачки и комуникациски вештини на високо ниво – знаеш кога да слушаш, а кога да водиш
  • Самостоен играч, но и тимски човек – знаеш сам да испорачаш резултат, ама и да победуваш со тимот
  • Возачка дозвола Б категорија (задолжително) – за посета и одржување на состаноци со клиенти

Одговорности и задачи

  • Стратешко планирање и селекција на нови клиенти, со фокус на долгорочна соработка
  • Закажување и одржување состаноци со клиенти, каде што продажбата започнува со добра комуникација
  • Презентација на услугите и подготовка на јасни и конкурентни понуди.
  • Развивање продажни стратегии и откривање нови бизнис можности
  • Остварување и следење на продажните цели, затоа што резултатите се важни
  • Изготвување редовни извештаи за активности и постигнати резултати

Што нудиме?

  • Празничен бонус
  • Летен бонус
  • Последниот петок во месецот – скратено работно време
  • Организиран превоз од–до работа
  • Работа во динамичен и поддржувачки тим
  • Дополнителни часови за приватни излези

Зошто да аплицираш во БЕ‑ДА Логистик ?

Во БЕ‑ДА Логистик градиме компаниска култура базирана на доверба, резултати и меѓусебна поддршка:

  • Транспарентност – работиме со јасни процеси, отворена комуникација и фер однос, и кон клиентите и внатре во тимот
  • Посветеност и иницијативност секој член на тимот е важен; идеи не се игнорираат , се охрабруваат и реализираат.
  • Комуникација – директно, искрено и навремено, затоа што тоа е начинот на кој што зборуваме.

Кај нас ќе најдеш тимска атмосфера, простор за раст и култура каде што резултатите се ценат, а луѓето се почитуваат.

Четворица членови на тимот на БЕ-ДА во одела на саемскиот штанд на компанијата

Аплицирај

Овој оглас е за нов тимски играч во нашиот продажен сектор. Доколку ти е пасија продажбата, а силна страна комуникацијата време е да аплицираш кај нас.

Доколку си заинтересиран, испрати ја својата биографија наjob@be-da.mkсо назнака „Агент за продажба“.

Испрати го твоето CV