БЕ-ДА Логистик е third-party логистичка компанија. Обезбедуваме транспортни и логистички решенија од 2011 година. Се грижиме за секој чекор во патувањето и овозможуваме безбедно движење, квалитетна услуга и навремено пристигнување. Сето ова е поддржано од нашиот тим на агенти за транспорт и логистика.

Ние го организираме движењето. Главна задача е да ги доближеме клиентите со нивните потрошувачи, да обезбедиме сигурен транспорт за бизнисите и да ги осигураме нивните производи при транспортот. БЕ-ДА Логистик врши транспорт од цела Европа за Албанија, Косово, С.Македонија и Балканот и обратно.

Нашата стратегија

Нашето искуство ни овозможува темелно познавање на секој чекор кој треба да го преземеме за да пристигнеме од точка А до точка Б.

БЕ-ДА Логистик е вашиот модерен логистички партнер доколку имате потреба од партнер кој ја практикува технологијата како предност.

Ние секогаш инвестираме во моментот и во иднината за да ја осигураме нашата конзистентост и да ја зголемиме продуктивноста и видливоста на транспортот.

Обожаваме да го направиме процесот едноставен колку што може да биде. Преферираме да го гледаме предизвикот директно во очи, поради тоа што секогаш го соочуваме и го надминуваме како професионалци.

Историја

БЕ-ДА Логистик е основана во 2011, отварајќи ги своите врати во Скопје, С.Македонија и оттогаш неуморно започнува да го движи својот бизнис напред кон посакуваната дестинација.

Како што се движевме низ годините, успеавме да ја стекнеме довербата од над 1.000 компании во 37 земји.

Во 2016, ја отворивме нашата канцеларија во Драч, Албанија, работна просторија за нашиот бизнис, која е исто така исполнета со прекрасни и квалификувани агенти за транспорт и логистика.

Ние не престануваме да се движиме, во 2021, уште еднаш, одговоривме на потребата од докажана и професионална услуга на пазарот и ја отворивме нашата канцеларија во Косово.