Ако продажбата ти е повеќе од работа, ако е предизвик, игра на стратегија и комуникација, тогаш оваа позиција е токму за тебе.
Во БЕ-ДА Логистик бараме Агент за продажба кој знае како да изгради доверба и да претвори контакт во долгорочен клиент.
Кои сме ние?
БЕ-ДА Логистик е 15 години доверлива меѓународна логистичка и шпедитерска агенција која обезбедува сигурни и ефикасни транспортни решенија низ Балканот и Европа. Нашата мисија е едноставна, но јасна:
Создаваме едно централно место каде клиентите ги добиваат сите логистички услуги – брзо, едноставно и ефикасно.
Што ќе биде твојата улога?
Како Агент за продажба во B2B секторот ги носиш транспортните и логистичките решенија поблиску до вистинските клиенти. Ќе креираш нови можности, ќе градиш силни и долгорочни односи со клиентите и ќе ја движиш продажбата напред.
Што бараме?
- Минимум 2 години искуство во продажба на услуги вo B2B знаеш што значи процес, преговори и затворање договор
- Средно до високо познавање со MS Office – бројки, понуди и извештаи ти се секојдневие
- Преговарачки и комуникациски вештини на високо ниво – знаеш кога да слушаш, а кога да водиш
- Самостоен играч, но и тимски човек – знаеш сам да испорачаш резултат, ама и да победуваш со тимот
- Возачка дозвола Б категорија (задолжително) – за посета и одржување на состаноци со клиенти
Одговорности и задачи
- Стратешко планирање и селекција на нови клиенти, со фокус на долгорочна соработка
- Закажување и одржување состаноци со клиенти, каде што продажбата започнува со добра комуникација
- Презентација на услугите и подготовка на јасни и конкурентни понуди.
- Развивање продажни стратегии и откривање нови бизнис можности
- Остварување и следење на продажните цели, затоа што резултатите се важни
- Изготвување редовни извештаи за активности и постигнати резултати
Што нудиме?
- Празничен бонус
- Летен бонус
- Последниот петок во месецот – скратено работно време
- Организиран превоз од–до работа
- Работа во динамичен и поддржувачки тим
- Дополнителни часови за приватни излези
Зошто да аплицираш во БЕ-ДА Логистик ?
Во БЕ-ДА Логистик градиме компаниска култура базирана на доверба, резултати и меѓусебна поддршка:
- Транспарентност – работиме со јасни процеси, отворена комуникација и фер однос, и кон клиентите и внатре во тимот
- Посветеност и иницијативност секој член на тимот е важен; идеи не се игнорираат , се охрабруваат и реализираат.
- Комуникација – директно, искрено и навремено, затоа што тоа е начинот на кој што зборуваме.
Кај нас ќе најдеш тимска атмосфера, простор за раст и култура каде што резултатите се ценат, а луѓето се почитуваат.
Овој оглас е за нов тимски играч во нашиот продажен сектор. Доколку ти е пасија продажбата, а силна страна комуникацијата време е да аплицираш кај нас.
Доколку си заинтересиран, испрати ја својата биографија на job@be-da.mk со назнака „Агент за продажба“.