Транспорт и логистика е индустрија која го движи светот напред ние тоа најдобро го знаеме со конкретна цел за да одговориме и понудиме најдобри решенија на пазарот отвараме нова позиција Агент за логистика и транспорт.
Кои сме ние?
БЕ-ДА Логистик е 15 години доверлива меѓународна логистичка и шпедитерска агенција која обезбедува сигурни и ефикасни транспортни решенија низ Балканот и Европа. Нашата мисија е едноставна, но јасна:
Создаваме едно централно место каде клиентите ги добиваат сите логистички услуги – брзо, едноставно и ефикасно.
Што ќе биде твојата улога?
- Организација, координација и следење на транспортни тури
- Соработка со превозници и грижа за клиентите со цел навремена и сигурна испорака
- Координација со тимот и усогласување на работните обврски со тим лидерот
Што бараме?
- Минимум 1 годинa искуство во логистика или транспорт
- Лице кое знае да превземе одговорност и да покаже самоиницијативност
- Лојалност и флексибилност – бидејќи секој ден носи нови предизвици
- Способност да ги постигнува кратките рокови и да се справува со динамична работа
- Тимска и самостојна работа – Tимски играч, но и самостоен професионалец
- Силни комуникациски вештини и способност за одржување пријатен и професионален однос со соработниците
- Способност за комуникација со клиенти и менаџирање на нивните барања
Одговорности и задачи
- Ќе бидеш одговорен за планирање и организација на транспортот
- Kоординација со превозници и резервирање на транспортни тури
- Следење на секојдневна комуникација и обезбедување квалитетна услуга на клиентите
- Координирање со логистичкиот тим и внимателно спроведување и обезбедување на потребната документација
Што нудиме?
- Празничен бонус
- Летен бонус
- Последниот петок во месецот – скратено работно време
- Организиран превоз од–до работа
- Работа во динамичен и поддржувачки тим
- Дополнителни часови за приватни излези
- Професионални обуки за кариерен развој
Зошто да аплицираш во БЕ-ДА Логистик ?
Во БЕ-ДА Логистик градиме компаниска култура базирана на доверба, резултати и меѓусебна поддршка:
- Транспарентност – работиме со јасни процеси, отворена комуникација и фер однос, и кон клиентите и внатре во тимот
- Посветеност и иницијативност секој член на тимот е важен; идеи не се игнорираат , се охрабруваат и реализираат.
- Комуникација – директно, искрено и навремено, затоа што тоа е начинот на кој што зборуваме.
Кај нас ќе најдеш тимска атмосфера, простор за раст и култура каде што резултатите се ценат, а луѓето се почитуваат.
Работењето во нашата компанија како агент за транспот и логистика е повик за секој што сака да гради успешна кариера во оваа индустрија.
Нашиот тим секогаш покажува меѓусебна соработка која ќе ти помогне да ги оствариш своите цели.
Те повикуваме да го испратиш своето работно резиме на job@be-da.mk
со назнака „Агент за транспорт и логистика “.